Почитувани,
Добар ден и од мене, продолжуваме со реализација на тоа што беше дел од изборната програма на локалните избори, еден од тие проекти еве и градоначалникот овдека Тимчо го презентираше.
Ќе продолжиме понатаму!
Состојбата е тешка кога станува збор за ликвидноста на општините, да се издржи во овие тешки времиња. Но, сепак еве и покрај тоа што времињата се тешки, ако се работи чесно, ако се работи посветено има ресурси, има можности да се реализираат проектите. За, жал општината беше затекната во таква состојба каква што е од аспект на проекти, голем дел од проектите веќе се во фаза на проектирање, а дел се завршуваат, дел се во фаза на ревизија. И веќе од август, септември и дополнителен број од проектите кои што беа ветувани ќе бидат отпочнати или некои и завршени односно реализирани.
Така што се чувствува повторно ќе кажам разликата. Додека овие во Владата секојдневно си делат тендери во четири очи и крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат. И тоа е разликата, дека не се сите исти. И дека поддршката на локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ во првиот и вториот круг беше голема и очекувањата нормално беа големи, но исто така очекуваме и поддршка на следните, а се надевам предвремени парламентарни избори, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ќе ја предводи ќе има мнозинство во Парламентот.
Така што да заклучам, охрабрен сум од ентузијазмот, од посветеноста и начинот на кој што буквално насекаде каде што се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се реализираат проекти.
Утре сме во една друга општина, во Свети Николе, следната недела продолжуваме Кавадарци, Гевгелија, Петровец итн. Сега да не ги редам, тоа се сѐ проекти кои што беа дел од предизборната кампања.