Здравствените политики треба да се приоритет без разлика дали сме или не во ЕУ, на демократска држава ориентирана кон граѓаните здравството треба да и е приоритет, рече доктор Јадранка Поцкова, пратеник во Собранието на вечерашната дебата во организација на Политики за рестартирање на рaспаднатиот здравствен систем.Докторката посочи тоа и би било така ако корупцијата не е длабоко навлезена во здравството.„Оваа власт на пример за време на пандемија наместо кон набавка на вакцини и доволно лекарства беше ориентирана кон провизии“, рече Поцкова.Според докторката за граѓаните е многу лошо што не функционира како што треба и Фондот за здравство. Таа укажа дека неодговорно раководење во Фондот за здравствено осигурување ја оштетува и државата и граѓаните.“Оваа власт мисли само на пари. Па сакаше да го приватизира јавното здравство, сакаше приватизација на стерилизација, биохемсиките анализи и слично. За време на корона немаше и лекови, немаше клексан, основен лек за низа на здравствени состојби“, рече докторктата.Поцкова се осврна на најголемото промашување на власта нереализирање на проектот за нов клинички во Скопје.„Ќе се плаќаат многу пенали, ќе се плаќаат низа на пенали, а се немаат основни лекови, ова е поразително. Ова е власт која мисли на се, поточно на личните и партиски интереси и полнење на своите џебови, но не ни помсилува на граѓаните“, заклучи Поцкова.