25.04.2023

СДС го кријат договорот со кој државата е оштетена, само за да му удоволат на нивниот шеф Артан Груби

Кузеска и СДС се во бунило. Зборуваат за се, само не за фактот што го кријат од јавноста договорот кој што го склучиле за изградба на коридорите, тежок најмалку 1,3 милијарди евра. Овој договор со кој презеле обврски ги чини граѓаните нови најмалку 53 милиони евра “дополнителни трошоци“ на уште не почната изградба на автопати.

Секоја приватна компанија сака да си ги максимализира своите услови и своите бенефиции, но обврска на Груби и на Ковачевски е да ги штитат интересите на граѓаните и да не прават штета на буџетот на Република Македонија. Но ова крими дуо не ги штити парите и интересите на граѓаните, туку презема обврски со пенали како да ги плаќа од свој џеб, а не од џебот на граѓаните. За ова не им говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку им говорат и медиумите и експертската јавност.

Затоа е оваа нервоза во СДС, затоа се ваквите панични прес конференции. Знаат дека за ова Груби и Ковачевски дебело ќе одговараат.

Што се однесува до изградбата на автопати во Македонија, СДС покажа дека во овие 7 години власт не се кадарни ниту километар автопат да реализираат на делницата кон Блаце. Дополнително, за делницата Кичево Охрид после 7 години не е направена апсолутно никаква промена на трасата за овој автопат Кичево- Охрид. Само се потпишаа еден куп на Анекси, со еден куп дополнителни работи, но автопат уште нема.

Кузеска и СДС се заложници на ДУИ и Артан Груби. Тоа веќе им е јасно и на нивното членство. Тие мораат се да направат да го заштитат нивниот шеф Груби, па макар и да држат вакви очајни прес конференции.