20.09.2025

Левица потврди дека податоците кои излегоа во јавноста дека раководството ја молзи партијата се точни

Левица со обвинувањето дека наводно некој направил неовластен упад  во банкарски сметки штотуку призна дека податоците што се изнесуваат во јавност се релевантни и веродостојни.

Значи самите признаа дека партијата Левица ја гледаат како молзница за богатење и дека прикриените богаташи во јавност глумат испосници.

Кога веќе прашуваат, ќе им одговориме дека податоците кои ги добивме се од свиркачи и тоа од редовите на самата партија Левица.