15.09.2026

СДС со двојни стандарди, молк за модуларната болница во Тетово и груба политичка злоупотреба на трагедијата во Кочани 


СДС нема никаков морален кредибилитет да држи лекции за одговорност и правда, додека нема одговорни и никој не одговара за трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 луѓе.

СДС е партија со двојни стандарди, партија чиј претседател е амнестиран за модуларната болница, каде живи изгореа 14 луѓе, преку корумпираното судство на судии и обвинители кои се избрани во Зајас и Струмица.

Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, носи политичка одговорност за системот во чие време се случи трагедијата. Одговорност за секој пропуст, секој договор и секоја одлука мора да има, додека Филипче енормно се богатеше и профитираше за време на кризата.

СДС да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички поени и да престане со двојните стандарди.

Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има. Време е да се стави крај на партиските послушници во правосудството на СДС и ДУИ, кои го штитат криминалот на СДС, Заев, Филипче и останатите блиски до кланот Заеви.

Правдата не смее да биде селективна. Правдата мора да важи подеднакво за сите.