22.09.2026

СДС и Филипче да се извинат за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции, уништувањето и кражбата на земјоделците

СДС нуди предлози со кои дополнително би се осакатиле македонските земјоделци. Наместо измислени предлози и политички лекции, СДС и Венко Филипче прво треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за она што го направија во седумте години власт.

Да се извинат што седум години го уназадуваа македонското земјоделство.

Да се извинат што оставаа неисплатени субвенции и долгови кон земјоделците, пари кои оваа Влада мораше да ги исплаќа и да ги расчистува.

Да се извинат што ги крадеа земјоделците.

Да се извинат и за економските политики со кои дополнително го оптоваруваа стопанството, меѓу кои и солидарниот данок што го воведоа. Наместо денес да глумат загрижени за земјоделците и за стандардот на граѓаните, треба да одговорат за сопствените одлуки додека беа на власт.

А Венко Филипче, треба да даде одговори и за случајот со набавката на кинеските вакцини и за јавно објавените сомнежи и обвинувања поврзани со посредници и провизии. Наместо денес да дели лекции, јавноста заслужува прецизни одговори за постапките и одлуките од тој период.

И конечно, наместо СДС денес да кажува како требало да се води земјоделието, нека погледне што покажуваат резултатите.

2024 и 2025 година се години на силен раст на извозот на земјоделски производи, со резултати што се издвојуваат во споредба со извозните остварувања во изминатите 15 години. Во 2025 година извозот на земјоделски производи достигна 416,7 милиони евра, односно околу 85 милиони евра повеќе од 2024 година.

Тоа се бројки. Тоа се резултати.

СДС прво нека се извини за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции и за политиките со кои го оптоваруваше стопанството, а потоа нека им дели совети на земјоделците. Земјоделците не живеат од соопштенија – живеат од својот труд, од сигурен пласман, од навремена поддршка и од резултати.