14.10.2026

На лицемерието на СДС нема крај, СДС повторно се обидува да собира поени врз грбот на земјоделците, а Филипче не се ни појави во Собранието да гласа

Додека СДС глуми загриженост за земјоделците, Венко Филипче не се ни појави во салата за гласање во Собранието за да гласа за Предлог-законот на СДС за финансиска поддршка на земјоделците. Дали Филипче е против земјоделците, па не се ни појави во Собрание?

СДС, Венко Филипче и Заев потрошија милионски буџети на државата, но тогаш ги заборавија земјоделците. СДС имаше години да ги решава проблемите во земјоделството, но наместо тоа Заев, Филипче и останатите се занимаваа со делење тендери, проценти, провизии и инвестиции во Дубаи како и луксузирање по јахти на Егејот.

Земјоделците не смеат да бидат заложници на политичките калкулации на СДС, на лагите и лицемерието на Венко Филипче.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за земјоделците, продолжува да креира одговорни политики, сигурен пласман на производството и услови земјоделците да можат достоинствено да живеат од својот труд.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на унапредување на земјоделството и на создавање услови за поголемо производство, сигурност и развој на руралните средини.

На македонското земјоделство му се потребни решенија, а не манипулации и лаги од СДС.