СДС да не шират лаги и манипулации.
СДС се лажат ако мислат дека со вакви излитени и провидни лаги и манипулации, на кои ни мало дете не би поверувало, ќе добијат некој политички поен.
Со овој начин на манипулирање, СДС не можат да го скријат фактот дека нивните листи за советници и кандидати за градоначалници им се составени од лица насилници и тепачи.
Потврда за тоа е и последниот случај на кандидати за советници за Советот на Струмица кои јавно и крвнички тепаат граѓани, и тоа странски.
Времето на лажни вести заврши и граѓаните не веруваат на манипулациите и конструкциите на СДС.
Понудата на кадрите на овие локални избори, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е огромна.
ВМРО-ДПМНЕ нуди чесни и достоинствени кадри, додека СДС на граѓаните им нуди насилници и тепачи, како кандидатот за Крива Паланка, кој во алкохолизирана состојба тепал полицаец.
ВМРО-ДПМНЕ, на овие локални избори ја има најдобрата понуда за граѓаните и ги има најдобрите кадри, кои чесно и достоинствено ќе работат во интерес на сите граѓани.








