02.09.2025

Димовски очигледно сам си ја брка мувата од капата 

Интересно е што Виктор Димовски, иако никој не го прозва сам се пронајде во прозивките за прислушкување и следење на медиумите, новинарите и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата. Е кога сме кај тоа, исто интересно е што самиот призна дека имало следење па и имало тајни соработници како што самиот посочува. 

Разликата е тоа што Виктор Димовски тврди дека имало оправдани причини за следење, а ние велиме дека причините се измислувале и злоупотребувале механизмите за тоа. 

Но и во едниот или другиот случај факт е дека имало следење. Инаку Виктор Димовски заедно со Еролд Муслиу се истиот канцер на безбедносните служби во државата. И одговорност мора да има.