Филипче на Сител: Очаен обид за одбрана на Спасовски за “Беса Транс” и за трагедијата во Модуларната како последна брана пред неговата лична одговорност.
Ова е истиот Заевистички пристап – Се колнам во жицата, на Заев кога го излажа народот и смени личен опис на Македонија. Сега Филипче исто така лаже по инструкции на својот ментор.
Со денови СДС и Филипче прават димна завеса со таканаречени бомби, од одговорноста која за нив доаѓа, а која ја спречуваа до сега заради Љупчо Коцевски кој силно го бранеа.
Филипче знае дека до гуша се влезени во криминал и тој и Заев и Спасовски и сите истрошени кадри на партијата која донесе владини одлуки за изградба на мигрантски кампови, кога беа тргнати во процес на продажба на се што ќе стигнат.
Одговорност ќе има.








