30.01.2026

Манасиевски: СДС бара 600 евра минимална плата, а во фирмите на Заеви платите на вработените се на минималец

Токму со ова барање се покажа кој стои зад ССМ и нивните барања, а тоа е СДС и Левица. Меѓутоа, барањето на СДС за 600 евра минимална плата е крајно несериозно, популистичко и без никакви претходни факти и аргументи.

Вчера бевме сведоци на тоа дека претседател на партија, во случајот Венко Филипче на прес-конференција излезе крајно неспремен, предложи Закон за 600 евра минимална плата, без претходно тој закон технички да му биде  спремен, да има увид колку средства би биле потребни од буџетот и на кој начин би стигнал до истите и слично.

Е ова е чист доказ дека СДС нема ниту програма, ниту визија како да ги промени работите. Меѓутоа излегоа на прес-конференција расфрлија со пердувите и сега треба да одговориме на тоа.

Навистина крајно несериозен пристап од страна на опозицијата. Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови.

Е сега отворено, еве прашуваме до јавноста, колку работници во фирмите на Заеви земаат минимална плата? Според нашите сознанија и информации со кои располагаме, вработените во фирмите на Заеви земаат плата во вид на минимална.