Во однос на прашањето поставено на прес-конференцијата на СДС, дали Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси за дата-центри? Одговорот е НЕ!
Но бидејќи секогаш товарот за докажување на тврдењето е на тој кој го обзнанува, јавно ги повикуваме СДС да достават докази за тоа што го тврдат.
И да не биде тоа во прашална форма за да може да има тужба за клевета.
Ваквото неодговорно тврдење на талогот на СДС е еквивалентно на тоа да обзнаниме дека Венко Филипче зема мито за да влезе на операција на пациент, најмалку 10 илјади евра.
Иако постојат тврдења и цитати за Венко “под 10 илјади евра не отворам паштета, не пак глава на пациент” ние докази се уште немаме. И затоа нема да се однесуваме неодговорно како СДС.








