11.09.2025

СДС со цел да се задржат ден повеќе на власт го злоупотребувале системот и преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, целта им била укинување на партијата

СДС со години ги злоупотребувале институциите, ја злоупотребувале АНБ и АР за незаконски да се следат ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски како и новинари и бизнисмени.

СДС имаа за цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и да се елиминира тогашната опозиција.

На тој начин СДС сакале да си обезбедат уште еден мандат и слободен простор со цел слободно да продолжат со распродажбата на државните и национални интереси.

СДС Заев и Шекеринска смислувале сценарија за да останат ден повеќе на власт додека ја уништувале демократијата и рушеле демократските процеси во земјата.

СДС грубо ја злоупотребиле Агенцијата за безбедност до тој степен што секојдневно правеле лажни извештаи и конструирале белешки за раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој план со кој се нарушува демократијата во земјата и се кршат законите е навреме осуетен и спречен од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи антидемократските структури на СДС да ја рушат демократијата и да ги злоупотребуваат институциите.

ВМРО-ДПМНЕ работи на јакнење на институциите и владеење на правото во државата.

Секоја злоупотреба на институциите неопходно е да биде санкционирана а сите кои се одговорни да бидат изедени пред лицето на правдата.

Јавното обвинителство да постапи и да се произнесе, сите инволвирани во овие злоупотреби на институциите треба да одговараат.