11.05.2026

 Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство, им објаснува на граѓаните што значат уставни измени

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии.

 Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции.

Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. 

Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека Бугарија нема да отстапи од своите барања.

И покрај тоа, Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со овие позиции, па зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени.

Сите го знаат ова. Само Филипче се однесува како граѓаните да не се запознаени и вели дека на македонскиот народ не му е јасно што значат уставни измени.

Од СДС забораваат дека се во опозиција и не нудат ништо што би можело да е во интерес на државата и граѓаните, се однесуваат како мала група која се надева само на враќање на власт по секоја цена. Филипче исто така веќе се замислува и си фантазира за премиерската фотелја.

Со денови се поагресивно се обидува да ги убеди граѓаните дека тој е оној кој ќе ја однесе Македонија во ЕУ, исто како што правеше Заев.

Филипче е продолжена рака на Заев и сака да го надмине Заев во предавствата, да го заврши планот за уништување на државата.

Во 2022 година, кога сакаа да ги поддржат уставните измени илјадници луѓе им протестираа и народот гласно им кажа НЕ, не ја сфатија пораката.

СДС како власт ја блокираше преговарачката рамка со ЕУ и ја направи Македонија мета на блокади и уцени.

Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и дека би потпишал се, уште веднаш, само за да дојде на власт. Изгубија двапати последователно на избори, а граѓаните и трет пат ќе им ја испратат истата порака.

СДС на чело со Венко Филипче се опозиција во Македонија, а според анкетите се четврта партија во државата и не се фактор кој во моментов одлучува.  СДС е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување.