СДС е партија која наместо да се бори против криминалот и корупцијата, го толерира прикрива и штити.
Фактот што во највисоките партиски структури сè уште се наоѓаат лица со судски пресуди, отвора сериозни прашања за вредностите и критериумите на СДС.
Наместо дистанцирање и оградување како во случајот со Артан Груби, Филип Андов – Сокол, Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, СДС молчи и ги штити.
СДС молчи и го игнорира криминалот и коруипцијата особено кај поранешни свои функционери што дополнително ја поткопува довербата на јавноста.
Во изминатиот период, јавноста беше сведок на бројни афери и сомнежи за корупција поврзани со поранешни и актуелни функционери на СДС. Наместо јасна осуда и расчистување, СДС избира да молчи или да релативизира.
Особено загрижува селективниот пристап кон правдата што го има СДС.
Доколку СДС навистина се залага за правда и владеење на правото, тогаш мора јасно да се дистанцира од сите сомнежи за криминал во своите редови и во сите други случаи, но и да поддржи целосно, независно и транспарентно истражување на секој случај каде што постојат сомнежи за криминал и корупција.
Во спротивно, секој молк од СДС ќе се толкува како потврда дека партијата избира да застане на страната на криминалот, наместо на страната на граѓаните и законот.
СДС е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има.








