16.09.2026

Ревизорските извештаи го потврдија криминалното дејствување на СДС во енергетиката, ЈО да ги процесира пријавите

Просто е неверојатно со каква леснотија, лажно душегрижништво, лицемерие и уличарски наратив СДС, партијата што целосно ја урниса македонската енергетика и ги запусти клучните енергетски капацитети  денес се обидува да пласира дегутантни ставови поврзани со енергетските политики и потенцијалните инвестиции. Истата таа партија, ги затрупа рудниците за јаглен со земја, душмански ги уништи рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј и го оставија АД ЕСМ да тоне во катастрофални загуби  и долгови. 

За тоа што правеле седум години со најголемата државна компанија, доволно говорат двата последователни ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија,  оној за работењето од 2017 до 2021 година, како и најновиот ревизорски извештај објавен вчера, кои црно на бело го потврдуваат нивното расипничко, криминално и недомаќинско однесување.

А да не зборуваме пак што всушност оставија освен пустош. Ниту една новоизградена и функционална електрана, ниту еден реализиран проект од кој граѓаните ќе имаа некакви придобивки. Една голема нула за инвестиции, милионски загуби и долгови, но за криминал очигледно се шампиони.

Сега им смета и тоа што не се зголемува цената на струјата.  

По сите обелоденети наоди на државната ревизија, очекуваме Јавното обвинителство соодветно да се зафати со брзо процесирање на кривичните пријави поднесени од актуелното раководство на ЕСМ. Оние кои ја опустошија македонската енергетика, а денес кукавички се кријат зад партиски соопштенија, конечно очекуваме да си понесат заслужена одговорност.