04.04.2026

Кризата на Блискиот Исток најмногу го погоди Венко Филипче, не можејќи да тера луди журки во Дубаи, изигрува партиски портпарол

Откако се случи конфликтот во Блискиот Исток, Венко Филипче како да нема што да прави, па секојдневно на прес-конференции ја заменува Богданка Кузеска.

До некаде разбирливо е за него, не може да оди во Дубаи да тера бизниси и луди журки со Харис Џиновиќ по елитни хотели, па сега глуми и партиски портпарол, божем многу загрижен за граѓаните и нивниот стандард.

Филипче да не се секира, во државава има кој да се грижи за граѓаните. На чело на државата е посветена и одговорна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која будно ги следи состојбите и презема навремени мерки.

Благодарение на преземените мерки на Владата, меѓи кои е и мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10%, Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот.

Состојбата со цените на производите активно се следи на дневна основа и до сега веќе преземените мерки го даваат својот резултат, така што инфлацијата се очекува да се движи помеѓу 4 и 5 проценти, за разлика од истиот период во 2020 година кога истата беше над 10%.

Освен намалувањето на ДДВ за горивата, ќе следи намалување и на акцизите. Така што тоа, веќе од утре Владата ќе донесе одлука за намалување на акцизата за дизел горивата да се намали за 4 денари, додека за бензините за 2 денари по литар гориво.

Паралелно со ова Министерството за финансии анализира и за укинување на ДДВ за сите основни прехранбени производи коишто сега се со 5%.

Така што, на Филипче му порачуваме дека состојбите активно се следат и се преземаат мерки, а во однос на неговите грижи за платите на граѓаните, посебно минималната, го потсетуваме, ако заборавил, дека минималната плата расте согласно закон и методологија донесена токму од владата на СДС.

Пред нас е предизвикувачки период и владата со сите капацитети и можности, се подготвува за преземање на таргетирани, навремени и приоритетни мерки.