15.06.2025

Мицевски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Прашање: Коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски.


ОдговорСДС нека се обрати најпрвин до Филипче, Заев, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ахмети и дружината за секое злодело што е направено во државава изминативе 7 години, а за некои и подолго.
Истовремено, додека тие посочуваа кабел за виновник за модуларната болница, тука има правда втемелена на наоди на обвинителство и полиција кои работеа, работат  и слободно  без притисоци. Работат без штитење на функционери како што впрочем Заев на времето го штитеше Филипче, Анѓушев, Артан, Бујар, Блерим, Мерко, Муса, разни внуци, пуцковци, грчевци, барони, арачиновци и други бандитски ликови од други различни партии,  етнички групи кои сложно ја уништуваа државата, ги руинисаа институциите и го разочараа и ограбуваа народот.