Заевизмот во СДС е начин на делување.
Во ова раководство на СДС се сите деца на Зоран Заев.
Сите до еден, од прв до последен, се до Венко Филипче кој му го држи претседателското столче во партија, се лица од втор и трет ешалон од владеењето на Заев.
Тоа се лица кои јавно признаваат дека сè уште се воодушевуваат на Зоран Заев.
СДС на чело со Венко Филипче и ова партиско раководство не се дистанцираа, ниту пак се оградија од погубните и предавнички политики на Заев.
И сега ова раководство на СДС под сенката на Заев не може да разбере како е да работи и делува автентично во заштита на интересите на граѓаните и државата.
Не знаат како е да се работи и да се носат закони за реформи и професиоанализација на институциите.
Па така, на ова СДС, длабоко заробено под влијанието за Заев, му сметат измените на Законот за полиција за што критикуваат и манипулираат без основа.
Во време на власт на СДС, професионалците во МВР биле угнетувани, а во министерството царувале криминалците.
Но, со измените на овој закон се дефинираат професионални и специфични критериуми за директорот на БЈБ, со искуство исклучиво во полициските работи.
Согласно безбедносните и територијалните потреби, се отвораат нови полициски станици во Сарај и Илинден.
Исто така, се усогласува внатрешната организација и нормативното уредување со новиот концепт на управување во полицијата.
Значи, со новиот закон МВР се отвора за професионалците и се оневозможува шиканирањето на професионалците, како во времето на Оливер Спасовски.