05.08.2026

Петрушевски: Најголемата победа над талогот кој се храни со хистерија и безнадежност е успешна Македонија

Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност.

Се обидува да нè убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора постојано да остане заробена во разочарувања и понижувања.

Но, најголемиот пораз на секоја политика на страв е народ кој верува во себе.

Македонија не се гради со лаги, цинизам и неверување. Македонија се гради со работа, знаење, одговорност и резултати.

Нашата обврска како одговорни носители на власта е да создаваме држава во која успехот ќе биде вреднуван, способноста ќе биде наградена, а надежта ќе биде посилна од секој обид да се наметне безнадежност.

Најголемата победа над талогот не е во кажаните зборови.

Најголемата победа е успешна Македонија.

Линк од видео материјал:

https://www.facebook.com/share/p/19WngkbM5k/?mibextid=wwXIfr