Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина.
Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците.
Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на работниците, за кои велат дека живеат во сиромаштија, се луксузира во Црна Гора.
Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не ги организирал во некој македонски град Скопје, Охрид, Дојран или, пак, Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место во Црна Гора, Чањ.
На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои до сега многупати се одржувале во државава, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра.
Деаноски кој е претседател на синдикатот на УПОЗ и е дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.
Синдикалците на батерии си го покажаа вистинското лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а зад камерите се луксузираат на грбот на своите членови.
Овие самопрогласени и самоизбрани синдикални претставници заинтересирани се само за своите лични интереси и бенефиции, високите плати кои добиваат од синдикатите, трошењето на синдикалните буџети наполнети со парите на работниците.








