07.03.2026

(ВИДЕО) СДС лажеше дека постои договор за мигранти, Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги

Лажеа дека постои договор за мигранти, го сменија името на брутален начин, потпишаа договор со Бугарија кој е капитулантски и предавнички, лажеа дека буџетот е празен, лажеа дека фејсбук и гугл ќе отворат центри во Македонија, дека ќе има формула 1 во Македонија, лажеа за македонската жица, за модуларната, за Ласкарци и Дурмо турс, за тендери, лажеа дека ќе донесат правда затоа што ќе нема мир додека не донесат правда, ставаа бројчаници и потоа не ги ни вклучија, лажеа куп работи, се здробија од лажење, тоа се тие истите луѓе и тоа е нивниот карактер и начин на функционирање. Мислат дека народот има кусо помнење. Но Македонија не им заборава и нашиот народ не паѓа повеќе на нивните лаги и измами.