23.06.2026

Пренџов: Нема одземање на стекнатите права, гарантирани се статусот, платите и правата на судските службеници

НЕМА ОДЗЕМАЊЕ НА СТЕКНАТИТЕ ПРАВА!

Со предложениот и веќе усвоен амандман на член 166 од законот за судските службеници јасно и недвосмислено се гарантира дека вработените во судовите ќе ги задржат сите стекнати права, вклучително и правата поврзани со висината на платата, признаеното образование, категоријата во која се распоредени и статусот на судски службеници.

Нашата цел е силно, ефикасно и независно судство, но и почитување на достоинството на луѓето кои секојдневно го носат товарот на судската администрација.

 Го гарантираме статусот на судските службеници.

 Ги гарантираме стекнатите права.

 Ги гарантираме платите и работните места.

П.С продолжуваме со седницата и втората точка за предлог – законот за јавнообвинителска служба.

https://www.facebook.com/share/p/1EhYpih87f/?mibextid=wwXIfr