23.05.2026

Никако да ја научат лекцијата да не лажат СДС, повторно шират невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија.

Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува.

Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело жалбата – “ќе информира Белата куќа и МНР на САД”.

Овој документ е лажен затоа што МНР на САД не постои, туку Стејт Департмент.

Но, со оглед на тоа дека Жерновски им е меѓународен секретар кој не ја знае кратенката за НАТО, не нѐ чуди и оваа непромислена прес-конференција со која мислат дека ќе го затскријат срамот кој го направија на државата.