Зоран Заев инспирација и мотив за политичкото делување на Венко Филипче, кое секако не е во корист ниту на СДС, ниту на државата.
Филипче како докажан и верен службеник на својот газда, Зоран Заев, очигледно, доби сила по неговото појавување на Бихаќка, па засили со неговите јавни настапи, небаре е портпарол на СДС, а не претседател.
Од толку прес-конференции и јавни појавувања, почна и да ретерира од партиските ставови, конкретно од заканите кои ги упати пратеникот Митко Трајчулески, дека ако се укине техничката влада, ќе излегле од Собрание и нема да учествуваат во изготвувањето на реформските закони.
Ваквото ретерирање, односно повлекување од идејата за излегување од Собрание, е една од добрите работи на ова партиско раководство предводено од Филипче, со што СДС се враќа на изворната идеја за укинување на техничката влада.
Но, тоа што се потврдува и што е неспорен факт, СДС и Филипче никако да направат нешто добро за Македонија, за своите лични, партиски и бизнис интереси, се противат на се што значи реформа и напредок на државата.
Ова раководство на СДС му служи единствено на Зоран Заев, за тоа и се заканија со излегување од Собрание и напуштање на работните групи за закони кои се дел од Агендата за реформи, што значи прилагодување на македонското со ЕУ законодавство и со тоа напредок на интегративниот процес.
Со ваквото служење на Заев, наместо на државата, се покажува дека СДС и Филипче поддржуваат корупција, криминал, национални предавства. Заев е лик кој наместо да му мисли добро на СДС, која е пред распаѓање, му дава насоки на Филипче да ја става партијата во служба на туѓи политички агенди и интереси.
Венко Филипче и СДС треба да разберат дека со ваквото служење на Заев и со заканите за излегување од Собрание, го блокираат патот на Македонија кон Европската Унија.








