26.07.2026

Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста

Денес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители.

Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност.

Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит на сите загинати, се поклонуваме пред храброста на преживеаните и со благодарност се потсетуваме на несебичната помош што пристигна од целиот свет.

Благодарение на единството, човечноста и меѓународната солидарност, Скопје не само што беше обновено, туку стана препознатливо како град на солидарноста, симбол на надежта, отпорноста и вербата во подобрата иднина.

Нашата обврска денес е да го чуваме тоа наследство. Да градиме институции што се грижат за граѓаните, да вложуваме во безбедност, отпорност и развој и да негуваме општество во кое солидарноста, единството и меѓусебната почит ќе бидат темел на секој напредок.

Нека споменот никогаш не избледи, а пораката за единство и надеж продолжи да живее во секоја генерација.

Скопје памети. Скопје не заборава.