14.09.2025

Манасиевски: Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и Али Ахмети


Прашање: Во контекст на кандидатите за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, од страна на политичката партија Левица, кој е вашиот коментар?

Одговор:
 Политичката партија Левица извади кандидати во Тетово, Гостивар и во Струга, а не извади на пример во општина Велес, од каде што и доаѓа претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, е чист доказ дека Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и на претседателот Али Ахмети, со цел да ги расцепкаат гласовите во овие општини. Јас тука би сакал да додадам и две прашања кон кандидатите за градоначалници во Струга и во Град Скопје, до Јована Мојсоска и Амар Мециновиќ. Дали истите ќе си поднесат неотповиклива оставка од функцијата пратеник, доколку ги загубат изборите, впрочем тоа и го говореа изминативе периоди дека доколку некој се кандидира за градоначалник треба и да си поднесе оставка од функцијата пратеник.