14.08.2026

СДС закажа прес-конференција, истата ја презакажа, за денес целосно да ја откажат, едно е очигледно – бродот на СДС тоне, а кормилар никаде нема

Има ли кормилар на бродот на СДС што тоне?

СДС закажа прес-конференција на Фани Каранфилова-Пановска пред зградата на МНР.

Само 15 минути подоцна, истата прес-конференција ја презакажаа пред седиштето на СДС.

За денес целосно да ја откажат.

Логично, по сето ова се поставуваат неколку прашања:

Дали и Фани Каранфилова-Пановска е на одмор, исто како Венко Филипче на јахтата на Заев, па не може навреме да стигне на прес-конференцијата?

Можеби на граничниот премин Евзони има преголема гужва за влез во Македонија, па Фани не може да пристигне?

Дали, можеби, избувнал пожар во кујната за лаги на СДС, па денешниот рецепт за нова тура дезинформации им бил неуспешен?

Или, можеби, нема никој во штабот на СДС ни да ја отвори вратата?

Како и да е, едно е очигледно – бродот на СДС тоне, а кормилар никаде нема.

Талогот во СДС очигледно е на одмор, а се активира само кога треба да шири лаги, да создава хистерија и да ѝ нанесува штета на Македонија.