ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Денот на македонската револуционерна борба е важен ден од македонската историја, кој не потсетува дека слободата не била ниту лесно стекната, ниту подарена.
23 Октомври далечната 1893 година е потсетник за првата семакедонска организација, кога основачите со визија, идеали и со револуционерни идеи зачекорија по патот на слободата и македонската државност.
Ова е ден кога со гордост се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери, затоа што без нивната прогресивност и силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на борбата и вековниот идеал на Македонците за слободна и независна македонска држава.
Ние сега слободно живееме во демократска Македонија која ни ја оставија нашите предци, а наша обврска и аманет е со почитување и учење на минатото да ја градиме иднината на просперитетна и развиена држава.
Да си подадеме рака сите, како што направиле нашите предци, и заеднички да направиме од Македонија подобро место за живеење каде што новите генерации ќе ја градат иднината.
Нека ни е е честит и вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.