23.04.2025

До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?

И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата.

Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој?

Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи?

Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?

Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи?

Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата?

Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? Јавноста заслужува одговори на овие прашања.

Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот.

СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства.