Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, имаше свое обраќање на денешниот настан кој беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ,,Женско лидерство-Европската интеграција на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици на Европа“.
,,Во име на ВМРО-ДПМНЕ, чест ми е да ве поздравам во Скопје, главниот град на земја мала по територија, но голема по решителност. Земја која го носела товарот на историјата на своите рамена и се уште стои, гради и, што е најважно, се уште верува во европските вредности“, рече Ковачки.
,,Членството во Европската унија и НАТО не се политички слогани за ВМРО-ДПМНЕ, туку се статутарни обврски, вградени во нашите основачки принципи од првиот ден на независноста на нашата земја. Македонија постојано покажува дека е сигурен и одговорен европски партнер. За време на миграциската криза стоевме на првата линија, дејствувајќи како чувар на портата за Европа, управувајќи со тековите и тесно соработувајќи за европскиот партнер кога единството беше најпотребно“, кажа Ковачки и додаде:
,,Денес, како членка на НАТО, продолжуваме да придонесуваме за европската безбедност преку нашето учество во сојузничките мисии во Бугарија, Романија и Латвија, стоејќи рамо до рамо со нашите сојузници во заштитата на континентот. Ова не се симболични придонеси, тие одразуваат стратешки сојузи и докажана посветеност на европската стабилност и безбедност. Во тој контекст, разумно е да се очекува од истите сојузници на кои пристапуваме кон нашиот европски пат со иста јасност и конзистентност“.
Тој рече дека Македонија активно напредува во реформите, како и зајакнувањето на демократските иституции и усогласување на законодавството со ЕУ.
,,Ова е тековна работа што се спроведува со решителност и добра волја и ние остануваме целосно посветени на тоа“, вели тој и додава:
,,Сепак, процесот понекогаш се развиваше на начини што покренуваат легитимни прашања за предвидливоста и насоките. Оваа изјава не е покрената како критика, туку како повик за кохерентност во интерес и на нашите граѓани и на кредибилитетот на самиот процес на проширување. Нашата позиција е јасна, пристапувањето мора да биде водено од објективни критериуми засновани на заслуги, демократски стандарди за владеење на правото и економско усогласување“.
ЛИНК:
https://www.facebook.com/share/v/171Pgu8tVQ/?mibextid=wwXIfr








