12.05.2026

Петрушевски: Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник, разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални ставови


Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“.

Па нормално дека ќе го потврдат тоа!  Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа.

Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник и со исти тези. Разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални позиции.

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе оди кон Европа само исправена, достоинствена и со зачуван идентитет, а не понижена и на колена како што ја остави СДС.

https://www.facebook.com/share/16vEKeStSJ