02.05.2026

Филипче од Рим, преку Франкфурт мисли за работниците и се секира за Македонија

Венко Филипче е лицемер кој пет пари не дава за работниците ниту за државните интереси. Тој први мај го прослави ударнички од Рим, преку лет Скопје-Франкфурт Франкфурт-Рим, како што пренесоа и открија медиумите.

Денес нема да излезе на прес-конференција, затоа што е на продолжен викенд и мисли за Македонија од Рим. Немаме против патувањата на Филипче, но имаме против да се прикажува за лажен душегрижник за работниците, стандардот и иднината на Македонија од странство и живеејќи живот како џет сет плејбој. Лицемер е мал збор за ваков човек.