24.04.2026

Филипче, гордиот носител на златна виза нема право да зборува за патриотизам

Филипче конечно си ја кажа маката. Судии и обвинители ќе испорачуваат правда, а пречка за ЕУ не е Бугарија туку Мицкоски. Вакви тези може да каже само исплашен бугарски привезок чии храброст, морал и пари се во фиоките на бугарското разузнавање. Гордите носители на златни визи од Дубаи последни се што имаат право да зборуваат за било што поврзано со државни интереси.

Ова што денес го прави СДС не е политика. Ова е паника! Старата пракса продолжува. Секогаш кога немаат што да понудат, излегуваат со конструкции и напади што се враќаат како бумеранг. Колку повеќе викаат, толку поочигледно е што кријат.

СДС е заложник на Зоран Заев и на неговите бизниси, договори и интереси. И токму затоа секоја нивна изјава изгледа како обид да се одбрани нешто што одамна не може да се одбрани. Ова веќе не е ни сериозно. Станува и смешно, и трагично, и жално во исто време. Партија што до вчера беше на власт, денес не може да се пронајде ни во опозиција. Реактивна, нервозна, без идеја и без тежина. Тонењето продолжува. И тоа со забрзано темпо.

СДС полека, но сигурно, станува ирелевантен фактор, дури и таму каде што треба да биде најгласен: во опозицијата.

Што се однесува до новиот директор на МРТВ, тоа е прашање за Собранието на МРТВ, кое избира врз основа на критериуми кои се законски утврдени, а кандидатот е најдоброто решение за кое Собранието одлучило дека со својата програма и искуство кое е богато може да придонесе за развојот на МРТВ.

Тоа што одредени кадри не му се допаѓаат на двоецот Заев-Филипче е најголемиот комплимент што може да постои, посебно ако се земе предвид што Заев и Филипче уништија, опљачкаа, разрушија и предадоа, и сигурни сме дека ќе дадат резултати во работењето.