18.07.2026

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски

Во едно демократско општество, секој новинар мора да може слободно и без страв да ја извршува својата работа. Заканите, говорот што поттикнува насилство и повиците за физичка пресметка се целосно неприфатливи и претставуваат директен удар врз слободата на медиумите и правото на информирање.

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство без одлагање да ги идентификуваат лицата кои упатуваат вакви закани и да преземат соодветни законски мерки. Секој што повикува на насилство мора да сноси одговорност, без разлика на неговата политичка или било каква друга припадност.

ВМРО-ДПМНЕ останува доследно на ставот дека политичките разлики се решаваат со аргументи и демократски дијалог, а не со закани, притисоци и повици за насилство. Очекуваме институциите да постапат брзо и ефикасно, затоа што безбедноста на новинарите е предуслов за слободно и демократско општество.