05.07.2025

Бузлевски е продолжена рака на системот што ја запостави Македонија

Александар Бузлевски е повторно еден од пропаднатите партиски експерименти предложени од Заев, а секако прифатени од Филипче.

Иако кандидатот за Ресен се претставува како ново лице, јасно е дека зад него стои загарантиран локален пораз

Бузлевски беше назначен за директор на Националниот парк Галичица во време на владеењето на СДС, кој исто така функцијата не ја вршеше на зададеното ниво, па како резултат на неговата нетранспарентност го доведе во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во Македонија.

Бузлевски не направи ништо за Галичица.

Не ги подобри условите со паркот, не отвори ниту едно работно место за младите луѓе во Ресен. 

Очигледно дека неговата единствена цел беше Националниот парк Галичица да го претвори во партиска структура.

Но, сепак и покрај пропаднатата кариера, без ниту еден проект зад себе, Филипче сега по наредба на Заев, го нуди Бузлевски да управува со Ресен.

Јасно е дека Бузлевски не е ново лице кое нуди визија за општината, туку претставник од системот што ја запостави Македонија.

Ресенчани нема да дозволат општината повторно да биде запоставена и затрупана во долгови.

Ресен ќе продолжи по патот на прогресот, со работа и вистинска промена.