23.04.2025

Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата, Владата контиуирано ги зголемува платите

СДС очигледно мислат дека работите се поправаат со магично стапче. 

Да им појасниме, пустошот во кој ја оставија Македонија на секој план, не се поправа преку ноќ. 

Еве неколку факти за подобрување на животниот стандард кој СДС успеа да го уништи за седум години власт.

Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%. 

Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%.

Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%.  За период од четири години предвидено е зголемување на платите во здравството до 50%. 

Ова е сериозно работење и менување на срушениот систем на подобро.

Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата.

Ситуацијата укажува на едно, СДС за седум години станаа синоним за пустошење и кражба.