17.07.2025

Ако некој направил партизација на МВР во овие 34 години независна Македонија, тоа е СДС

Ако некој направил партизација на МВР во овие 34 години независна Македонија, тоа е СДС.

Од поранешни градоначалници, до синови и ќерки на пратеници и директори, се беше вработено во време на Заев и Ковачевски, во МВР.

СДС кога доаѓа на власт, гледа на МВР како на фамилијарен бизнис.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ, МВР го отвора за професионалците, кои со години биле репресирани во самата институција, затоа што не се согласувале со погледите на таа гарнитура на Спасовски, Заев и Ковачевски.

А додека професионалците биле угнетувани, криминалците во МВР царувале.

Кога е СДС на власт, во МВР не може да бидеш професионалец, можеш да бидеш или со нив, или фрлен во некоја канцеларија, во некој ќош.

ВМРО-ДПМНЕ ги укина бенефициите на привилегираните. МВР  е отворено за сите професионалци кои работат за институцијата и државата.