27.05.2025

Заев се сончаше по плажите додека беснееја пожари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона 

Во време на СДС, Заев се сончаше по плажите и не се врати во државата додека во Македонија беснееја пожари.

Седум години државата беше оставена без пилоти и со стари возила и технички средства.

7 години двата авиони за гаснење на пожари беа вон функција и без пилоти.

7 години СДС не инвестираше во возила за гаснење на пожари и во технички средства.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи. 

,,Ер тракторите“ моментално се на сервисирање и во краток рок се очекува да имаме 3 ,,ер трактори“ во пресрет на сезоната на пожари.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари.