31.05.2025

На која држава СДС ги постави темелите, на онаа што и смени знаме, име и Устав?

Филипче продолжува на своите партиски настани да го лаже народот, а најновата лага е дека СДС ги поставиле темелите на државата.

Па да го прашаме Филипче и СДС, дали мислат на истата држава која и го сменија знамето, името и уставот?

Дали мислат на истата држава која ја ограбија они и ним блиските и кои не доведоа до раб на банкрот?

Дали мисли Филипче на истата држава која наместо да има онколошки терапии се даваа физиолошки раствори? Или пак на онаа држава на чии граѓани КОВИД вакцините за малку ќе беа двојно поскапо платени?

Или зборуваме за истата држава која неговиот ментор Заев ја продаде и ја мажеше за богата држава?

Оваа држава е Република Македонија, на сите чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати.