13.08.2026

Талогот на СДС зборува за економски колапс но официјалните бројки покажуваат реален раст, инфлацијата паѓа, индустријата, извозот и инвестициите растат

Квазиекспертите од СДС очајно се обидуваат да ги извртуваат фактите, бројките и да шират економски песимизам во државата.

СДС очајно се обидува да создаде слика дека македонската економија е во криза при тоа СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст.

Додека талогот од СДС се обидува да создаде слика на економска криза, бројките ги демантираат. Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во јули изнесува 2,3% на годишно ниво. Кај храната и безалкохолните пијалаци цените во јули се намалени за 1,1% во однос на јуни. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4%, односно 60% пониска во однос на априлското ниво.

Тоа е јасен показател дека ценовните притисоци се намалуваат.

Најдобар демант на талогот од СДС е тоа што индустриското производство во јуни расте за 6,5%, преработувачката индустрија за 7,9%, а производството на капитални производи за 8,6%.

Тоа не е криза туку раст. Освен растот кај индустријата имаме и кај извозот во првите шест месеци е зголемен за 8%, а реалниот БДП во првиот квартал порасна за 3,1%. Тука е разликата што талогот од СДС не ја разбира, зборуваме за реален раст, односно раст каде влијанието на цените веќе е земено предвид во пресметката.

Растат и капиталните инвестиции.

До крајот на јули се реализирани 21,3 милијарди денари капитални расходи, што е за 39,6% повеќе од истиот период минатата година. Вкупните буџетски приходи се повисоки за 9,3%, а даночните приходи за 10%.

И кај платите има реален раст. Просечната нето плата во мај е зголемена за 8,2 % номинално, а 3,2 % реално.

СДС нека научи да ги чита официјалните податоци. Имаме намалена инфлација, раст на БДП, раст на индустирјата, раст на извозот, поголеми капитални инвестиции, раст на реалните плати.

СДС може да зборува за колапс, но официјалните бројки покажуваат раст. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со конкретни политики кои ја движат Македонија напред.