Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии.
Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните.
И покрај тоа што, како никогаш до сега, имаше простор за широк политички консензус, слух и подадена рака од Владата за изнаоѓање решение кои на нив им одговара согласно препораките на меѓународните институции и право дијаспората да гласа, тие избраа опструкции и блокади.
Како никогаш досега во македонската историја, на власт има политичка партија која на опозициските им вели да се договорат меѓу себе за се што сакате и сето тоа ќе им биде прифатено, тие одбија и блокираа.
Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда, за што и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст и тоа го потврдуваат европските функционери и претставници.
Истите тие повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС и ДУИ кои од уста не ја вадат Европската Унија, и политичката партија Левица одлучија да го блокираат напредокот на државата кон евроинтегративниот пат.
На СДС, Левица и ДУИ им порачуваме дека се прочитани и разобличени. Политиката на жртва која сакаат да ја применат нема да им помине, затоа што граѓаните добро знаат дека тие се извор на проблемите и блокадите.








