24.04.2026

Филипче е уплашен и нервозен, води политика на блокади и уцени штетни на демократските процеси и ЕУ агендата

Венко Филипче е уплашен и нервозен политичар кој секојдневно ретерира, се заканува и поставува ултиматуми додека му ја чува фотелјата на Заев и чека негови насоки и инструкции за делување.

СДС на чело со Филипче е партија без идеи и без визија за развој на државата, во СДС се до толку изгубени што повеќе следат, анализираат и ликуваат на избори во туѓи држави отколку во својата држава, а преку Димитријевиќ и се ставија на располагање и на странски политички агенди само поради личните цели на Зоран Заев.

Филипче е исплашен и глуми патриот, а во суштина е бугарски привезок чии фирми заедно со неговиот ментор Заев се на бугарски адреси. Додека Филипче продава магла и глуми патриот да го потсетиме дека СДС е партија која со својата поданичка политика ја доведе Македонија во состојба на понижување и блокада од Бугарија.

Сервилноста на Заев и Филипче и останатите ја стави државата во подредена состојба а СДС со години правеше компромиси на штета на државните интереси.

СДС на чело со Филипче е партија без стратегија и визија, а Филипче под влијание на Заев, ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда.

Филипче нема став и секојдневно ретерира од позициите еден ден се заканува и поставува ултиматуми, а следниот ден се навраќа на старите ставови за укинување на техничката влада.

Филипче и СДС не нудат напредок и решенија, туку слепо ја следат агендата на Заев само поради личните цели и интереси на Заев и на тој начин тонат се подлабокo, а прават штета на демократските процеси во државата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европскиот пат со зачувување на достоинството на македонските граѓани и остварување на европската агенда.