27.04.2025

Посветената и чесна работа на Владата препознаена и признаена од граѓаните, последната анкета покажа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено и неуморно работи во корист на граѓаните и државата. 

Презема мерки и активности за подобруваше на животниот стандард на граѓаните, раст и развој на економијата, враќање на функционалноста на институциите на системот, активно се бори со криминалот и корупцијата. 

Води државничка политика за зачувување на државните национални интереси и меѓународно ја претставува државата на достоинствен начин, со зачуван национален идентитет и интегритет.

И сето ова го препознаваат, признаваат и го поздравуваат граѓаните. Тоа го потврди и последната анкета на јавното мислење спроведена од 20 март до 17 април која ја спроведе агенцијата Маркет вижн, на примерок од 1.200 испитаници.

Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски има убедливо водство и неприкосновена доверба од граѓаните. На претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, наспроти Венко Филипче за кого би гласале само 3,8%. 

На следните избори, са ВМРО-ДПМНЕ би гласале високи 51,7% од испитаниците, а доколку утре има избори на гласање би излегле 64,4% од граѓаните.

За прв пат после долги години, граѓаните гледаат дека во Македонија има вистинска борба против криминалот и корупцијата, тоа може да се потврди со големиот број акции на полицијата кои се случија изминатиот период. Па така, анкетата покажа дека за прв пат, криминалот и корупцијата не се проблем број еден во државата. 

Тоа е така затоа што власта работи чесно и согласно закон во интерес на граѓаните, а сторениот криминал од изминатите години, се гони. Законот важи еднакво за сите и сите кои се огрешиле, одговараат пред надлежните органи.

Овие бројки и проценти се потврда за досега сработеното, но и обврска ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, уште поенергично и неуморно да се посвети на чесна и неуморна работа и исполнување на дадените ветување за подобар живот и животен стандард за сите во Македонија, раст на економијата, како и борбата против криминалот и корупцијата.