10.08.2026

Талогот на СДС од кој произлезе и самиот Филипче, луѓе со криминални досиеја, роднини и блиски на Заев, ги претставува како иднина на државата

Талогот на СДС исплива на површина и го покажа вистинското лице.

Затскриени зад партиски и јавни функции, како и зад роднински врски тие најдобро се гледаат кога ќе останат без привилегиите кои им ги овозможува власта, како што беше случајот Ново Село, каде насила сакаа да предизвикаат инцидент.

И така сега, соочени со најдлабоката опозиција која некогаш ја осетиле, немаат контрола веќе што прават, што зборуваат и како делуваат. Со сите сили се борат да ги зачуваат позиции за кои сметаат дека природно на нив им припаѓаат, небаре се наследство од нивните дедовци. Таквите лица производ на талогот на СДС, Венко Филипче ги промовира како иднината на државата, при евентуално негово доаѓање на власт.

А тоа што нуди Филипче се насилни, тепачи, трговци со дрога и роднини на најголемиот предавник на Македонија и македонскиот народ, Зоран Заев.

Доколку Венко Менгеле, некогаш дојде на власт неговиот круг на луѓе кои треба да бидат иднината на Македонија се Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други компромитирани лица од СДС.

Народот вели, со кој си таков си, па така и во предавничката СДС, каков претседател на партија, такви кадри во структурата. Ќе почнеме од Заев, кој сите многу добро го знаат, аболициран криминалец, продолжуваме со Ковачевски осомничен со неколку кривични пријави и судски процеси, па ќе стигнеме до Филипче. Човекот на кого како министер за здравство му се запали и до темел му изгори модуларна болница со 14 лица, и над 10.000 граѓани кои во КОВИД кризата го загубија животот.

За сите овие предмети никој не одговарал, ниту сноси одговорност, затоа што судско-обвинителскиот систем под контрола на тандемот на СДС, Филипче и Заев се погрижиле да се ослободат од обвинение, некои да се аболицираат или пак, колку да не е без ич, да поминат само со условни пресуди.

Овие кадри не се, не може и не смеат да бидат продавани со евтини приказни како општествена норма и иднина на државата, тоа не се ништо друго освен општествениот талог произлезен од талогот на СДС.

На Македонија не и треба нов Заев, ни и требаат стари политики со нови лица произлезени и избрани од талогот на СДС, Филипче.

Народот тоа го знае и нема да дозволи враќање на старите политики како нова иднина, затоа што на Македонија и треба одговорна и чесна политика во интерес на граѓаните.