06.08.2026

Бојковска: По три децении чекање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализира проектот за железничко поврзување со Бугарија

Македонија се сака со дела – кога вистински се гради и развива!

По три децении чекање, празните ветувања конечно стануваат реалност.

Изградбата на железничкото поврзување со Бугарија наместо проект заглавен на „половина тунел“, добива целосна финансиска конструкција и функционална завршница со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски!

Со силна поддршка од Европската Унија, ЕИБ, ЕБОР и грант од 169 милиони евра, обезбедивме инвестиција што носи вистинска додадена вредност за македонската економија.

Ова е од огромна важност за Македонија, а особено за источниот дел ! За граѓаните, но и за развој на бизнисите.

Претходната влада на СДСМ измислуваше имагинарни километри автопат и работеше исклучиво за сопствени интереси, а парите на граѓаните се трошеа без ниту еден корисен проект за народот.

Денес, истите тие излегуваат на прес-конференции, критикуваат и се лутат зашто во Македонија конечно се гради и се работи.

РАБОТА е разликата помеѓу нив и нас.

ИНВЕСТИРАЊЕ во граѓаните е разликата помеѓу нив и нас.

Покажуваме дека можеме подобро и дека има разлика.

Само со конкретни резултати ќе ја заслужиме довербата на граѓаните!

Продолжуваме! 

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1ERP2mi4pD/?mibextid=wwXIfr