15.02.2026

Петрушевски: СДС со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста, да објаснат како Заев и Филипче со функционерски плати се луксузираат и се дел од градежен бизнис во Дубаи

СДС  што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Така што, ова е едно популистичко обвинување. Она кое што се однесува за пари за минимална плата, би било добро да одговорот, зошто додека беа власт изминатите 7 години, не ја зголемија платата минимална на работниците во обем како што тоа сега го бараат. А, да одговорат исто така од каде им пари со една функционерска плата да влезат во градежниот бизнис во Дубаи, и сите оние луксузирања кои што ги гледаме изминатиот период. Така што, вакви популистички прес-конференции на СДС не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста.