23.06.2025

Државата тонеше – додека СДС крадеше, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија

ПР-от на СДС деновиве е пуштен на најјако. Во натпревар кој повеќе ќе излаже, кој повеќе неаргументирано и без никаква издржана критика ќе ја нападне Владата, тој прес и соопштение се испраќа во јавноста.

Го прашуваме СДС, на која основа шири дезинформации?

Власт на СДС:

– Јавен долг од 47% на 65%;

– Економијата во надолна линија – на раб на банкрот;

– Субвенции за земјоделците неисплатени од 2021 година;

– Неисплатени плати во државни институции за неколку месеци;

– Протести на регионални патишта и пред Влада од незадоволни земјоделци;

– Криминални банди хараа по улиците на главниот град;

– Пасоши на белосветски криминалци, а за граѓаните немаше;

– Судии и обвинители бирани од тефтерите во Зајас и Муртино;

– Автопати за 7 години, реализација максимум 10%;

– Авиолинии – укинати;

– Пензиите и платите стагнираа, инфлацијата растеше двоцифрено;

– Учениците без учебници, студентите без реконструирани студентски домови, пациентите без лекови, пензионерите без зголемување на пензии, едноставно влада без решение.

Власт на ВМРО-ДПМНЕ во само ЕДНА година:

– Јавниот долг намален на 57%;

– Економија во нагорна линија – 4та економија во Европа;

– 9 милијарди денари субвенции за земјоделците, заостанати од 2021 година;

– Редовни и зголемени плати;

– Задоволни земјоделци со повисоки цени за откуп на земјоделски производи;

– Криминалците зад решетки, безбедноста на улиците зголемена;

– Четири автопати се градат истовремено;

– Во моментов 64 авиодестинации;

– Пензиите и платите растат како никогаш досега, инфлацијата е намалена, учениците навремено добиваат учебници, студентите добиваат       реконструирани домови и факултети.

 
Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија!