СДС речиси го дуплираше јавниот долг – денес ги враќаме нивните долгови и ја градиме државата.
Кога СДС зборува за долг, најдобро е да ги ставиме бројките на маса.
Талогот и неговиот начин на функционирање е јасен.
Пласираат лаги и создаваат хистерија притоа мислејќи дека народот ќе поверува на повеќепати повторените лаги.
Истите тие кои што сега даваат совети како треба да се води економијата, го дуплираа јавниот долг, а народот и државата не видоа ништо од тоа.
Но ајде да одиме со бројките.
Денес СДС тврди дека Владата за две години ја задолжила Република Македонија за повеќе од 2,5 милијарди евра и дека од тоа немало никаков резултат.
Но кај јавниот долг не се гледа само колку пари се позајмени. Се гледа колку стар долг е вратен, колкава е нето-состојбата на јавниот долг, колкав е БДП и колкав товар претставува долгот во однос на економијата.
А бројките кажуваат една поинаква приказна.
Кога СДС дојде на власт, на 30 јуни 2017 година, јавниот долг на Македонија изнесуваше 4,7 милијарди евра или 46,1% од БДП.
Кога СДС ја напушти власта во 2024 година, јавниот долг во вториот квартал достигна околу 8,9 милијарди евра, а учеството на јавниот долг беше околу 61% од БДП.
Тоа значи дека за време на владеењето на СДС јавниот долг пораснал за повеќе од 4,1 милијарди евра, односно за околу 88%.
Од 4,7 на 8,9 милијарди евра.
Речиси двојно поголем јавен долг.
И не се зголемил само номинално. Товарот на долгот во однос на македонската економија се искачил од 46,1% на над 61% од БДП.
А што се случува денес?
Последниот официјален податок на Министерството за финансии, објавен на 31 јули 2026 година, покажува:
Јавен долг: 10,7 милијарди евра.
Јавен долг: 58,8% од БДП!
Во вториот квартал јавниот долг е намален и номинално за 21 милион евра во однос на првиот квартал.
Уште поважно, како процент од БДП е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година.
Од вториот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 јавниот долг е зголемен за околу 1,8 милијарди евра, а не за 2,5 милијарди евра.
И во истиот период неговото учество во БДП е намалено.
Зошто?
Затоа што значаен дел од новото финансирање не е пари кои едноставно се додаваат на постојниот долг, туку средства со кои се враќаат стари долгови што доспеваат.
И тука доаѓаме до бројката за која СДС најмалку сака да зборува.
Тука е поентата!
Од втората половина на 2024 година до 2026 година Министерството за финансии сервисирало повеќе од 4,4 милијарди евра обврски по јавниот долг – долгови оставени од претходно!
Само две конкретни еврообврзници од времето на СДС изнесуваат 1,2 милијарди евра главнина:
500 милиони евра – еврообврзница издадена во 2018 година, исплатена во 2025 година.
700 милиони евра – еврообврзница издадена во 2020 година, целосно исплатена во 2026 година.
Само овие две обврски се 1,2 милијарди евра стар долг што оваа Влада мораше да го сервисира.
И покрај тоа, денес јавниот долг е 58,8% од БДП.
Тоа е суштинската разлика.
СДС речиси го дуплираше јавниот долг, а економијата не создаде развој соодветен на размерот на задолжувањето.
Денес се отплаќаат старите обврски, а паралелно се гради и инвестира.
Затоа тезата „нема резултати, има само долг“ не поминува кога ќе се соочи со бројките.
Има долг – како што имала секоја влада.
Но има огромна разлика колкав долг наследуваш, колкав стар долг враќаш, колку ти расте економијата и за што ги користиш парите.
СДС ја презеде државата со јавен долг од околу 4,7 милијарди евра, а ја остави со околу 8,9 милијарди.
Денешната Влада паралелно сервисира милијарди евра наследени обврски, инвестира во инфраструктура и капитални проекти, ги зголемува платите и успева јавниот долг како процент од БДП да го спушти на 58,8%.
Тоа не е пропаганда. Тоа се бројки.
Линк од фб објава:








