14.08.2026

300 нови специјализанти и над 1 милијарда евра, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки гради модерно здравство

Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати во здравството со цел модерно квалитетно и достапно здравство за сите граѓани.

Со рекорден буџет од над 1 милијарда евра, здравствениот систем добива најсилна финансиска поддршка досега. Средствата се дирекно насочени кон нов медицински кадар, квалитетни здравствени услуги, нова инфраструктура и медицинска опрема.

Особено значајна е одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Тоа значи повеќе специјалисти во јавните здравствени установи, посигурна професионална иднина за младите лекари и подобра здравствена услуга за граѓаните.

Исто така владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира и историското зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина и гинекологија кој се зголеми од 75 на 100 денари, односно за 33%, додека кај матичните стоматолози зголемувањето е од 61 на 75 денари.

Со тоа директно се зајакнува примарната здравствена заштита, се подобруваат условите за работа на матичните лекари и се создава простор за отворање нови ординации.

Паралелно, позитивната листа на лекови е проширена со нови терапии. Додадени се девет нови генерички лекови за кардиоваскуларни заболувања, депресија и деменција, а листата е дополнета и проширена и со три антикоагулантни лекови Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан.

Тоа значи поширок избор на терапии за пациентите и намалување на финансискиот товар, бидејќи лековите се обезбедуваат на товар на ФЗО.

Зад политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ стојат конкретни резултати а фактите се јасни: над 1 милијарда евра за здравство, 300 нови приватни специјализанти, зголемени капитациски бодови и проширена позитивна листа на лекови.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на кадровско и финансиско зајакнување на здравството.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во лекарите, во примарната здравствена заштита и во достапноста на терапијата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е посилно, помодерно и подостапно за секој граѓанин.